Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс може да ја продолжи кариерата во германската Бундеслига, пренесува Скај Италија.
За 32-годишниот Белгиец се заинтересирани од Борусија Дортмунд, каде играат уште двајца белгиски репрезентативци – Аксел Витсел и Торган Азар.
Мертенс, кој има 5 голови и 1 асистенција на 9 натпревари од почетокот на сезоната, има договор со Наполи до крајот на оваа сезона.