Борусија Дортмунд со проблеми: Алкасер и Ројс аут за мечот со Интер

Борусија Дортмунд утре ќе биде без двајцата нивни најдобри играчи за натпреварот во Лигата на шампионите. Аут за мечот се Марко Ројс и Пако Алкасер.

Шпанецот ќе се опоравува некое време поради повредата на Ахиловата тетива, додека Ројс има настинка и исто така нема да учествува на натпреварот. Искусниот лев бек, Марсел Шмелцер, исто така, испадна за посетата на „Меаца“.

Добра вест за тренерот Лусијан Фавр е дека голманот Роман Бурки е веќе добро по повредата на коленото и ќе може да учествува. Исто така, се очекува да се врати и Џејдан Санчо, кој беше отстранет од составот во неговиот последен натпревар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e