Берово домаќин на Телеком мастерс турнир во пинг-понг за млади кадети и кадети

Пингпонгарскиот клуб Берово Зегин денес и утре е домаќин на Телеком Мастерс турнир во пинг-понг во кадетска конкуренција. Натпреварите ќе се играат во салата „Македонски бранители” во Берово.

Во рамки на првиот ден од турнирот се играат натпреварите за натпреварувачи до 12 години. Утре,  ќе се натпреваруваат повозрасните кадети до 15 години.
 
Турнирот има бодовен карактер и се бодува за настап во репрезентацијата на Македонија.
 
Почетокот на првите натпревар кои се играат денес се закажани за 11 часот, додека во рамки на утрешната програма мечевите се играат со почеток во 10 часот.
Турнирот се организира под покровителство на Пингпонгарската федерација на Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e