Белмади за евентуалното доаѓање на Бензема: Задоволен сум од играчите што ги имам

Подготвеноста на Карим Бензема да игра за репрезентацијата на Алжир не ужива поддршка кај селекторот на тимот. Деновиве, напаѓачот на Реал Мадрид изјави дека е подготвен да се докаже во дресот на нова репрезентација, бидејќи веќе не го сакаат во Франција. Откако е со алжирско потекло, тој може да се обиде да добие право да го носи дресот само на северноафриканската репрезентација.

Сепак, селекторот Џамел Белмади не посакува слична разврска.

„Задоволен сум од играчите што ги имам. Ги имам Багдад Бундеја, Ислам Слимани, Енди Делор и Хилал Судани“, изјави тренерот на Алжир за DZFoot.

„Пустинските лисици“ се актуелни носители на Купот на африканските нации.

Весникот „Марка“ веќе опиша како Бензема може да ја смени репрезентацијата.

Напаѓачот не добил повик за „петлите“ од 2015 година, кога беше под истрага за уцена на неговиот соиграч Матју Валбуена.

Тогаш Карим изрази подготвеност да посредува во плаќањето на откуп за луѓето кои имале во посед видео-лента од поранешниот играч на Лион и Марсеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e