Баутиста – Агут го сопре Ѓоковиќ и избори финале во Шангај

Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста – Агут го совлада првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ со 2-0 во сетови (6-4, 6-4) и се пласира во финалето на Мастерс – турнирот во Шангај. Тоа е прв триумф на Шпанецот над Ѓоковиќ во кариерата, а во финалето ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Енди Мареј и Жил Симон.

Ѓоковиќ имаше многу неизнудени грешки на овој меч, никако не можеше да влезе во препознатливиот ритам и Баутиста – Агут тоа го искористи. Го освои првиот сет со 6-4, а со одична игра продолжи и во вториот. Во завршницата и двајцата тенисери загубија сервиси, а на крајот сепак Шпанецот се радуваше на прв триумф над Ѓоковиќ и прво Мастерс – финале во кариерата.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e