И Барселона се распрашувала за Алиоски!

Претседателот на Лугано, Анџело Ренцети открива дека за македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски интерес пројавила и Барселона.

24-годишниот Алиоски игра во фантастична форма во дресот на Лугано, па не е чудно што селекторот Ангеловски за мечот против Албанија му даде шанса во нападот пред Тричковски и Несторовски, а тој ја оправда со гол.

Се верува дека Алиоски ја игра последната сезона во Лугано, а следното лето ќе направи трансфер во голем клуб. За него интерес пројавила дури и Барселона.

„Летово интерес за Алиоски пројави дури и Барселона, ми се јавија и побараа да го пратиме во нивниот камп на проба. Но тоа не е чудно, бидејќи за неговите услуги се јавуваа и други големи клубови. Алиоски се развива со неверојатна брзина, малку кој го очекуваше тоа“ – открива Ренцети.

„Ако се се одвива како што треба, знам дека тој ќе заврши во голем европски клуб, но не сакаме да брзаме со негова продажба. Засега му е одлично во Лугано, ми се допаѓа што тој не е фокусиран на парите, туку само на фудбалот“.

alioski

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e