Барселона на списокот со посакувани играчи го има и македонскиот голман Димитриевски

Популарната шпанска емисија „Ел Чирингито“ објави дека македонскит репрезентативен голман Столе Димитревски се наоѓа на списокот со поаскувани играчи кај фудбалскиот гигант Барселона. Барселона која почна реконструкција на тимот со пристигнувањето на тренерот Чави Ернандез има намера да го ангажира чуварот на мрежата на шпанскиот Ла-лигаш Рајо Ваљекано, уште во текот на зимскиот преоден рок. Искусниоот Димитреивски (27 г.) беше виновникот што во Барселона дојде до смена на тренерската клупа со одбранетиот пенал на Мемфис Депај и поразот од Рајо Ваљекано по што Роналд Куман доби отказ.

Тимот од „Камп Ноу“ го посакува Димитриевски во своите редови како замена за Нето. Прва опција за тренерот Чави останува германскиот интеранционалец Марк Андре Тен Штеген. Македонскиот голман има договор со Рајо Ваљекано до 2024 година. Претходно Димитриевски на шпанската фудбалска сцена се докажуваѓе на голот на Гранада, Гимнастик Тарагона и Кадиз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e