Барселона го продава Ракитиќ за 55 милиони евра

Шпанскиот шампион Барселона го продава Иван Ракитиќ, извонредниот хрватски фудбалер за врска кој веќе пет години е дел од каталонската гордост, па медиумите во Шпанија објавија дека на „Камп Ноу“ веќе ја одредиле цената за својот фудбалер – 55 милиони евра.

Ракитиќ веќе подолго време се поврзува со заминување од Барселона, особено откако Каталонците го купија суперталентираниот Френки де Јонг од Ајакс за 75 милиони евра. Тренерот Ернесто Валверде сака да го задржи Ракитиќ сооглед на долгата и напорна сезона, особено со уште позгуснат распоред поради Евро 2020 идното лето (првенствата треба да завршат порано), но од раководството на клубот добил насока дека Хрватот за поволна понуда може да биде продаден.

Ракитиќ се поврзуваше лани со Интер, па и годинава постоеја само шпекулации дека го сакаат во своите редови. Нема да биде изненадување ако и Милан и ПСЖ се вклучат во трката.

Сега останува да се види дали некој ќе ги даде тие 55 милиони или Ракитиќ и сезонава ќе си остане на „Камп Ноу“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e