Колосите на европскиот фудбал Барселона, Реал Мадрид и Јувентус плаќаат најголеми плати во спортот, според глобалната анкета на sportingintelligence.com. Каталонците се на врвот на списокот со просек од 12,8 милиони долари по играч, но сумата е значително помалку од минатогодишните 13,7 милиони долари, откако повторно ја предводеше табелата.
Барса повторно е во предност, најмногу поради платата на Лионел Меси, која изнесува повеќе од 65 милиони долари. Реал Мадрид го задржа второто место со 11,6 милиони, а Јувентус скокна од деветтото на третото со 10,54 милиони. Други фудбалски тимови, ко се во топ 20, се Пари Сен Жермен на 12-то место и Манчестер Сити на 13-то. Анкетата на sportingintelligence.com вклучува годишни плати на фудбалери без бонуси за потпис, претставување и друго.
Екипи од НБА ги надополнуваат останатите седум позиции во топ 10 и заземаат 15 во топ 20.
Во 2017 година, Оклахома Сити, Кливленд и Голден Стејт ги исплатија најголемите плати во кошарката, а во минатата, три екипи ја преминаа границата од 10 милиони долари годишно. Сега Портланд е на четвртото место во генералниот пласман со 10,4 милиони долари годишно, Голден Стејт е на петтото место со 10,28 милиони, а Оклахома Сити е на шестото место со 9,83 милиони.
Тимот од Националната фудбалска лига (НФЛ) Бафало Билс имаше најголем подем. Франшизата во американскиот фудбал скокна од 152 на 92-то место, додека Атланта Фалконс „скокна“ од 123-та на 64-та позиција.
Истражувањето опфаќа 350 тимови од 18 првенства, 12 држави, 8 спортови, 10.070 спортисти и плати од 22,6 милијарди.
Топ 50 на листата (просечна годишна плата по играч):
1. Барселона (фудбал) – 12.284.555 милиони долари
2. Реал Мадрид (фудбал) – 11.154.692
3. Јувентус (фудбал) – 10.106.647
4. Портланд Трејлблејзерс (Кошарка) – 10.039.828
5. Голден Стејт Вориорс (Кошарка) – 9.921.892
6. Орландо Меџик (Кошарка) – 9.475.757
7. Оклахома Сити Тандер (кошарка) – 9.432.072
8. Денвер Нагетс (Кошарка) – 9.311.943
9. Мајами Хит (Кошарка) – 9.298.579
10. Кливленд Кавалирс (Кошарка) – 9.207.157
11. Хјустон Рокетс (кошарка) – 9.160.612
12. Париз Сен Жермен (фудбал) – 8.934.220
13. Манчестер Сити (Фудбал) – 8.734.375
14. ЛА Клиперс (кошарка) – 8.668.805
15. Филаделфија 76-ерс (Кошарка) – 8.621.800
16. Вашингтон Визардс (Кошарка) – 8.500.330
17. Детроит Пистонс (Кошарка) – 8.474.594
18. Шарлот Хорнетс (Кошарка) – 8.282.386
19. Минесота Тимбервулвс (Кошарка) – 8.271.517
20. Милвоки Бакс (Кошарка) – 8.168.508
21. Торонто Репторс (кошарка) – 8.150,291
22. Баерн Минхен (фудбал) – 8.119.896
23. Бруклин Нетс (Кошарка) – 8.036.324
24. Далас Маверикс (Кошарка) – 7.916.790
25. Сан Антонио Спарс (Кошарка) – 7.882.150
26. СакраментоКингс (кошарка) – 7.876.629
27. ЛА Лејкерс (Кошарка) – 7.857.738
28. Феникс Санс (Кошарка) – 7.827.956
29. Бостон Селтикс (Кошарка) – 7.806.673
30. Јута џез (кошарка) – 7.739.041
31. Њу Орлеанс Пеликанс (Кошарка) – 7.725.070
32. Њујорк Јенкис (бејзбол) – 7.692.199
33. Манчестер Јунајтед (фудбал) – 7.657.000
34. Атланта Хоукс (Кошарка) – 7.475.199
35. Индијана Пејсерс (Кошарка) – 7.464.208
36. Чикаго Булс (Кошарка) – 7.448.034
37. Мемфис Гризлис (кошарка) – 7.091,444
38. Њујорк Никс (Кошарка) – 7.077.811
39. Атлетико Мадрид (фудбал) – 7.039.205
40. Бостон Ред Сокс (Бејзбол) – 6.955.569
41. Ливерпул (фудбал) – 6.922.000
42. Чикаго Кабс (Бејзбол) – 6.394.536
43. Хјустон Астрос (Бејзбол) – 6.356.051
44. Арсенал (фудбал) – 5.987.800
45. Челзи (фудбал) – 5.967.500
46. Филаделфија Филис (бејзбол) – 5.855.160
47. Бомбај Индијанс (Крикет) – 5.469.739
48. Ројал Чаленџерс (Крикет) – 5.434.399
49. Кингс XI (Крикет) – 5.338.891
50. Ченаи (крикет) – 5.225,443