Барселона одби понуда на Интер за Артуро Видал, според шпанското издание „Мундо Депортиво”.
Италијанскиот тим понудил да го изнајми Чилеанецот до крајот на сезоната со постојана опција за трансфер, но таквото сценарио не им одговара на Каталонците и тие претпочитаат да се разделат целосно со Видал.
Играчот од средниот ред одигра 33 натпревари за екипата и успеа да помогне да ја одбранат титулата во Ла Лига.
Сепак, Ернесто Валверде е подготвен да го жртвува при добра понуда.