Жерар Пике, преку инвестициската група „Космос Глобал Холдинг Груп“, имала намера да го купи англискиот нисколигаш Нотс Каунти, кој е најстар професионален клуб во светот, пренесе „Атлетик“.
Според изданието, дефанзивецот на Барселона преговарал со поранешниот сопственик на Нотс Каунти, Алан Харди, во јули оваа година, со идеја за минутажа на членовите на познатата Академија на Каталонците, Ла Масија.
„Атлетик“ пренесува и дека англискиот клуб, кој е основан во 1862 година, се наоѓал во тешка состојба и под закана од затворање. Но, до зделка со компанијата на Пике не дојде, па клубот го купија бизнисмени од Данска.
Харди бил принуден да го прифати нивниот предлог, бидејќи секое одложување можело да значи ликвидација на клубот.