Карло Анчелоти не направи многу кадровски промени за својата прва сезона на клупата на Баерн Минхен, но затоа наредната година се очекува поголемо реновирање според вкусовите на италијанскиот стручњак.
Тоа го најави последната изјава на Карл-Хајнц Румениге кој за германските медиуми навестил дека германскиот клуб нема да им понуди нови договори на ѕвезди како Франк Рибери, Арјен Робен и Чаби Алонсо.
– Се работи за тројца важни фудбалери. Нив им должиме многу од победите во минатото, но сега имаме проблем како да ги поврземе минатото, сегашноста и иднината, – изјавил Румениге јасно навестувајќи дека триото Рибери-Робен-Алонсо е на излезна врата од Баерн.
Тројцата фудбалери имаат договори до крајот на оваа сезона, што значи дека ако не им биде понуден договор, во јуни ќе можат да си заминат без оштета.
Извор: Дерби
За поврзани вести продолжете надолу