Германскиот шампион Баерн Минхен нема да брза да го привлече Филипе Кутињо, и покрај добрите впечатоци што ги остави уште од почетокот на сезоната. Бразилецот игра позајмен на „Алијанц арената“ за тимот на Барселона.
Според угледниот германски весник „Билд“, Баварците ќе почекаат до крајот на сезоната за да донесат конечна одлука за случајот со нискиот техничар. Баерн го стори истото со Хамес Родригез, кој одигра две сезони во составот на Реал Мадрид, но на крајот Колумбиецот беше вратен во шпанската престолнина.
Оваа сезона Кутињо има шест гола и пет асистенции во Бундеслигата на 13 натпревари. Во Лигата на шампионите има постигнато еден гол и две асистенции. Тој постигна „хет-трик“ за време на викендот и направи уште две асистенции во победата од 6-1 над Бремен.