Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Никлас Зуле, беше опериран во неделата вечерта, потврди клубот, без да прецизира датум за негово закрепнување. Сепак, претседателот Ули Хенес јасно стави до знаење дека репрезентативецот веќе нема да игра оваа сезона. Според шефот, тој дури и не треба да биде поканет во германската репрезентација за Европскто првенство следното лето.
– Никлас може да заборави на Европското. Сезоната е завршена за него, а сега тој треба да се фокусира на следната, изјави Хенес утрово.
Зуле беше клучна фигура во составот на Нико Ковач, откако беше носител во сите дуели во текот на сезоната досега. Сепак, во саботата против Аугсбург, тој ги скина лигаментите.
„Она што му се случи е вистинска катастрофа“, додаде Хенес.
„Сега сите треба да му помогнеме“, додава тој.