Баерн го отпушти Ковач

Баерн Минхен го отпушти својот тренер Нико Ковач. Одлуката беше објавена вечерва. Баварците се двоумеа уште од почетокот на сезоната, а тешкиот пораз од Ајнтрахт Франкфурт (1:5) ја прели чашата на трпението кај газдите на „Алијанц Арена“ и тие решија дека е време за промена.

Отпрвин, се чинеше дека тие нема да направат никакви промени во Баерн и ќе му изгласаат доверба на менторот. Денес, меѓутоа, имаше средба меѓу претседателот Ули Хенес, претседателот Карл-Хајнц Румениге и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, на кој присуствуваше и Ковач. На крајот, беше донесена одлука да се разделат „по меѓусебна согласност“.

Ковач имаше договор со Баерн до 30 јуни 2021 година, но сега тој е раскинат.

Хрватот ги презеде Баварците во јули 2018 година и во првата сезона го донесе тимот до „дубл“. Сепак, од почетокот на неговата втора сезона, критиките кон менторот започнаа да се натрупуваат, а главното е дека тимот нема баланс и има потешкотии во одбраната. Дури и победата од 7-2 во Лигата на шампионите над Тотенхем не ја смени состојбата на „Алијанц Арената“, а звучниот шамар од Ајнтрахт (1:5) конечно ја предодреди судбината на тренерот.

Така, поранешниот клуб на Ковач, каде што тој направи име како тренер, се покажа како „црна мачка“ за него и ја заврши кариерата во гигантот од Минхен. Тој го напушта Баерн на 4-то место во Бундеслигата,на 4 бода зад лидерот Борусија Менхенгладбах.

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e