Сега е крај! Гардијан ја најави смената, Би-Би-Си ја официјализира веста дека Астон Вила му дала отказ на Роберто Ди Матео по 124 дена соработка!
Лошите игри и само 10 поени во 11 натпревари беа доволни за сопственикот на клубот да се одлучи за промена на клупата.
Како можни наследници се споменуваат – Ли Џонсон (Бристол), Стив Брус (без клуб), Стив Мекларен (без клуб) и Дејвид Вагнер, кој успешно ја водеше екипата на Хадерсфилд кој е прв на табелата во Чемпионшип.
Поразот на Астон Вила од Престон со 0:2 беше пресуден за ваквиот потег на клубот. Поранешниот европски шампион е на 19 место во лигата и досега освои само еден натпревар и дури седум одиграни реми.
За поврзани вести продолжете надолу