Антиќ со одговор за последната одлука на Наумоски: Нешто што со години го градевме, го уништивте за краток период!

Петар Наумоски во изјава за телевизијата „ТВ Нова“ најави дека Драган Раца повеќе нема да биде селектор на македонската кошаркарска репрезентација по завршувањето на денешниот натпревар со Унгарија, одлука која можеше и да се очекува по лошиот учинок на нашите кошаркари на квалификациите за ЕП.

Ваквата изјава на првиот човек на македонската кошарка секако ќе донесе нови значајни промени во репрезентацијата која никако не може да почне да функционира нормално, а тоа во свој стил на социјалните мрежи го искоментира поранешниот капитен Перо Антиќ кој не заборави да го „пецне“ Наумоски.

– Тоа што го кажав за „селекторот“ пред пола година го потврдува и Полат сега. Изгледа почнаа да се спасуваат еден по еден од бродот што тоне и да се префрла вината на некој друг. Но, треба да се погледнат во огледало и да се засрамат што направија и што се уништија за краток период!?!?!? Нешто за што ни требаше долг период да ја вратиме кошарката од Б дивизија до 4. во Европа. Од Б дивизија кај што не остави сегашниот предводник… Народот сам виде кој е кој!!! И по тоа што читам имаат мислење како понатака. Поздрав до КФМ од небитниот…, вели Антиќ во својот Фејсбук пост кој истовремено го искористи за да ги покани сите вљубеници во кошарката на спектаклот меѓу Работнички и Фенербахче на 30 септември.

pero-poraka1-300x2052x

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e