Фернандо Алонсо изјави дека е отворен за враќање во Формула 1 во 2021 година, доколку добие добра понуда.
Шпанецот го напушти шампионатот кон крајот на 2018 година по четири слаби години со Мекларен без победа или подиум. Тој ја продолжи кариерата во „Светските серии за издржливост“ каде ги освои „24 часа на Ле Ман“ со Тојота.
Во почетокот на 2020 година, Алонсо се очекува да стартува во релито Дакар со Тојота, а напролет тој ќе направи уште еден трет обид да ја освои најпрестижната трка во Индикар – Индијанаполис 500. Сепак, Шпанецот не е сигурен во кој тим ќе брка победа таму.
„Ќе возам во Дакар во јануари, што е голем предизвик. Плановите за следната година го вклучуваат Инди 500. Ќе се обидам да се справам подобро оваа година“, изјави Алонсо за Sky Sports. Сè уште немам планови за далечната иднина. Можеби Формула 1 во 2021-ва, можеби хиперавтомобили Светската серија за издржливост. Мислам дека 2021-ва е причината што ги одржувам можностите отворени. Можеби со новите правила, нештата ќе се сменат и ќе дојдат други можности“, смета Шпанецот.