Алиоски постигна гол во триумфот на Лидс (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски беше еден од најзаслужните за триумфот од 2-0 на Лидс на гостувањето кај Хадерсфилд.

Алиоски го постигна првиот гол за својот тим со прекрасен волеј во 50. минута од мечот, а конечниот резултат беше дело на Ернандез на 12 минути пред крај на мечот.

Со победата тимот на Алиоски изби на првото место на табелата со 43 бода еден повеќе од ВБА, која има и меч помалку.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e