Белгискиот велосипедист Бјорг Ламбрехт почина за време на третата етапа на Трката околу Полска, соопшти неговиот тим „Лото Судал“. На околу 50 километри пред финишот на 150-километарската етапа помеѓу Чорзов и Забрзе, 22-годишниот Ламбрехт излета надвор од патеката и удри во бетонски водоводни цевки.
Портпаролот на болницата во Рубник, потврди дека велосипедистот починал во операционата сала, откако не успеал да издржи при операција. Деталите за повредите на Ламбрехт не биле пријавени.
Најголемата можна трагедија му се случи на нашиот Бјорг. Искрено сочувство упатуваме кон неговото семејство и пријателите, напишаа од тимот на „Лото Судал“.