Ракометарите на Вардар без поголеми проблеми го совладаа Пекинг СУ со 36:28 во дуел од СЕХА лигата.   Македонскиот тим доминираше во првото полувреме што го доби со 21:10, а потоа второто полувреме беше само формалност и рутинско доработување на задачата. Искусниот Чупиќ играше на неприродна позиција за него, а Криштопанс настапи само во првото полувреме.

Со оваа победа, Вардар се израмни со Мотор Запорожје на чело на табелата во групата А со 12 бода од пет кола. Пелко и Ќосевски постигнаа по 7 гола и Димитриоски со 6 беа најефикасни во тимот на тренерот Кокшаров.

Следниот настап на „црвено-црните“ во регионалната лига е на 4 ноември на домашен терен против Војводина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e