Најголемото дерби во англискиот фудбал меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед кое вечерва се одигра на „Енфилд Роуд“ заврши без победник и без голови и тоа благодарение на гостинскиот голман Давид Де Хеа.
Во натпревар во кој немаше многу чисти шанси за погодок, најголемите прилики за да се затресе мрежата ја имаа домашните фудбалери, Џан и Кутињо меѓутоа на два пати брилијантно реагираше шпанскиот чувар кој не дозволи радот на „црвените“.
Пред овие прилики на Германецот и Бразилецот во 59 и 71 минута, најзначајната шанса за гостите од Манчестер ја пропушти Ибрахимовиќ кој катастрофално реагираше во 55 минута по центаршутот на Погба.
По ова реми Ливерпул е четврти на табелата со 17 бода, додека „црвените ѓаволи“ се седми со 14 поени.
David de Gea’s earlier save. #mufc pic.twitter.com/XpuzeNHGd2
— UtdHQ (@UtdHQ) October 17, 2016