Атрактивната Кајли објави видео на кое се сонча во минијатурно бикини покрај својот базен кое предизвика воодушевување кај нејзините милионски фанови.
Се изгледа како вистинска реклама за производ од линијата на Кајли за нега на кожата, поточно за масло за сончање. Кајли се прска по телото и вели „Жешко е“.
Очигледно реалити ѕвездата се чувствува како да е на одмор во својот нов дом од 1700 квадрати.
Куќата од 36,5 милиони долари на Кајли има 7 соби, 14 купатила, базен, фитнес сала и многу други работи во кој младата членка на кланот Кардашијан Џенер ужива со својата ќеркичка Стоми.