Пејачот Жељко Јоксимовиќ вчера наполни 48 години, а неговата сопруга Јована му испрати емотивна честитка по овој повод преку социјалните мрежи.
Жељко за својот роденден одржи концерт кој започна во 18 часот пред Старата палата во Белград, кој граѓаните можеа да го гледаат на Интернет, а Јована Јоксимовиќ посочи дека, иако годинава публиката нема да биде присутна, тоа е еден вид подарок на пејачот за своите обожаватели.
Секоја година ги славевме твоите родендени во најголемите арени во регионот, оваа година концерт како подарок за сите нас. Среќен роденден љубов моја – му честиташе Јована со емотивни зборови.
Ги испеа најголемите хитови
Жељко одржа вистински концерт пред Градското собрание во Белград. Тој ја воодушеви публиката и тоа на вториот ден од Велигден кога е и неговиот роденден.
Пејачот им рече на сите да останат дома, и иако улиците беа празни, луѓето можеа да уживаат во преносот во живо на овој спектакуларен настап.
„Ова е за сите оние кои се борат и се надеваат, за сите што веќе не се со нас, за оваа земја, за овој град“, рече Жељко на почетокот.