(ВИДЕО) Вонредна епизода на „Преспав“ со наслов „КОВИД еден без дваесет“

Преспав: КОВИД еден без дваесет е специјална епизода од ТВ серијата „Преспав“ и ја направивме затоа што хуморот и ведрината се добра емотивна поддршка во овие моменти кои бараат солидарност и заедништво, вели продуцентот на серијата Пеце Талески.

Епизодата се реализираше од 21.04.2020 до 24.04.2020 во студијата на МРТ, при што покрај стандардите за продукција на ТВ програма во услови на пандемија, преземени беа дополнителни мерки за заштита на сите вклучени во продукцијата, според препораките на СЗО.

Целиот тим работеше на епизодата волонтерски и доброволно, а средствата собрани од маркетинг пораките во епизодата ќе бидат уплатени на сметката на Фондот за борба против COVID-19.

Му се заблагодарувам на тимот кој работеше напорно изминативе денови за да се случи Преспав „КОВИД еден без дваесет“ на спонзорите и пријателите на „Преспав“, на вработените во МРТ и секако на нашите најблиски за безрезервната поддршка, рече продуцентот.

На заболените од COVID-19 им посакувам побрзо оздравување, а на сите други дa ги почитуваат препораките на здравствените работници и СЗО, порачаа од тимот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e