Македонската популарна турбо фолк пејачка Сузана Гавазова е родена на 21 декември 1979 година. Потекнува од струмичкото село Сушица.
Таа почетоците ги имала со групата Пицикато и првиот професионален настап бил на најстариот фолк фестивал во земјава „Фолк Фест Валандово“, во 1998 година со песната „Ако ако, Нека нека“, со која не освојуваат награда. Соработката со истата група продолжила неколку години, каде учествувале скоро на сите фестивали во земјата со песни на најпознатите автори на фолк музиката и истовремено освојувала голем број награди. Во соработка со групата Пицикато имаат издадено два албума за издавачката куќа Сенатор – Битола.
Во 2004 година на Валандовската сцена го прави својот прв соло-настап со композицијата „Немирка“ на авторот Димитров, по што следат низа настапи на сите фестивали во Македонија и пошироко, голем број награди и гостувања, како во Европските држави така и неколку гостувања во прекуокеанските земји Австралија и Америка. Како солист има издадено три албуми за издавачката куќа Мистер Компани. Првиот соло албум е насловен „Удри Дајре“, после него следува албумот „Пеј животе“ и третиот со македонски староградски песни.
Гавазова вчера прослави роденден и наполни 42 години, а од сопругот доби неочекувано изненадување.
Јасмин најпрво се пошегува и во украсна кутија и подари бурек и јогуртна сопругата, а откако изнасмеаја и двајцата, следуваше вистинското изненадување.
Второто изнендување беше огромен букет во кој се криеше кутивче со нараквица. Сузана навистина беше пресреќна и изненадена.
Покрај изненадувањето од сопругот Сузана доби и изненадување од мајка ѝ и нејзините две ќерки.