Колумбиската пејачка Шакира, на задоволство на многубројните фанови, го најави објавувањето на својот нов албум.
„Мојот нов албум, кој ќе излезе на 22-ти март, го создадов заедно со сите вас, мојата глутница волци кои бевте со мене на секој чекор“, ја започна својата објава пејачката.
„Создавањето на ова дело беше алхемиски процес. Додека ја пишував секоја песна, одново се градев. Додека ги пеев, моите солзи се претворија во дијаманти, а мојата ранливост во сила“, порачала Шакира, а објавата за само неколку минути добила 200.000 лајкови и стотици коментари од нетрпеливите фанови.
Шакира го издаде својот последен албум „El Dorado“ пред 7 години и тоа беше нејзиниот 11-ти албум во кариерата.
Сепак, поради сериозни проблеми со гласните жици, пејачката не ја одржа планираната турнеја на која требаше да го претстави „El Dorado“. Поради стравот да не го изгуби гласот, Шакира паднала во депресија, а тоа искуство го опиша како „неподносливо“.