Актерката Нина Деан доцна синоќа стана мајка. Таа роди син кој ќе се вика Каи. Дека Нина се породила прва објави нејзината мајка, танчерката Гордана Деан Поп Христова.
Таа на „Фејсбук“ напиша дека е горда баба и дека оддалеку ги бакува сите, бидејќи веќе неколку години живее на Еквадор.
„Се роди Каи. Баба од далеку ги бацува и гушка Нина, Мартин и Каи, мили тие“, вели познатата танчерка и кореографка.