Принцот Вилијам започнува со градежни работи на неговиот имот во Корнвол, но не за себе, туку за бездомниците. Тој планира да изгради станбени објекти во вредност од три милиони фунти, односно 24 објекти, а ќе бидат готови следната година.
Според „Дејли мејл“, станбените објекти ќе вклучуваат куќи со четири спални и апартмани со една спална соба. Самиот принц побара да го води проектот. Тој не сака да застане на ова, туку размислува да искористи повеќе од својата земја за тоа.
Уште од детството, Вилијам е особено чувствителен на проблемот со бездомниците. Кога имал 11 години, неговата мајка, покојната принцеза Дијана, ги однела Вилијам и Хари да посетат засолниште, што очигледно му оставило силен впечаток. На 13-годишна возраст и рекол на својата мајка: „Ако некогаш станам крал, ќе пуштам бездомници да живеат во нашите палати“.