Денес се запознаваме одблиску со Сања Лукаревска – директорка на Управа за јавни приходи. Таа за “Женски магазин” раскажа како е да се биде на лидерска функција, за предизвиците кои ги донесе пандемијата во УЈП, како таа го минува времето дома, а се сеќава и на Велигденските денови кога била мала.
*Процентот на жени на високи позиции во Македонија, е далеку од европскиот просек. Какво е чувството да се биде на позиција директор на УЈП, какво е Вашето искуство како жена која има лидерска позиција? Се соочувате ли со предрасуди, омаловажувања?
-Секогаш ме импресионирале жени на лидерски позиции. Порано беше реткост, а сега веќе има повеќе жени лидери на високи позиции. Иако е предизвик, ама диоптријата на работењето и функционирањето на една жена, лидер, секогаш е дуплирана. Во мојот случај покрај предрасуди од родов аспект, иако ги немало многу, можеби имало предрасуди заради младоста. Порано се имало перцепција дека на клучни државнички позиции треба да има повеќе ,,бели коси,, . Јас сум среќна дека во мојот тим имам такви колеги кои порано ми биле претпоставени,а сега јас сум им претпоставена. Имам доблест да барам совет и сега од нив, да научам нешто ново, затоа што менаџирањето со даночен орган, столб на Буџетот, не е ни малку лесно, ни едноставно.
*Дали и колку Вашата работна позиција Ви остава простор и време за приватноста, може ли подеднакво добро да се справувате на двете полиња, или сепак работната позиција бара поголема посветеност?
-Сиот овој период на директорување дадов предност на професионалниот живот, иако не го запоставив ни приватниот. Време, се трудам да најдам за моите родители, за моето друштво, за сите оние кои заради моите преголеми обврски имале разбирање секогаш и не ми се лутеле ако пропуштам некој голем настан, значаен за нив. Им благодарам. Сега кога веќе си направив некој свој начин на функционирање, ќе дојде време и за приватниот живот.
Целото интервју на Лукаровска за Женски магазин на линкот тука