Македонската поп-дива Калиопи во интервју за „Дан уживо“ за n1info.com откри како се чувствува во овој период и дека деновите во карантин ги поминува во својот дом во Скопје.
„Знаете како се чувстувам, дали се сеќавате на филмот „Труман шоу“, е така се чувуствам. Имам чувство како некој да се игра со нас и дека ова е нереално. Искрено, се трудам да го зачувам секој вреден дел од себе за да можам да продолжам по оваа изолација“ вели Калиопи.
Меѓутоа, пејачката ни во вонредна состојба не престанува да биде креативна и да се дружи со љубителите на нејзината музика.
„Од првиот ден кога сфатив дека нема да можам да се движам, да патувам, да имам концерти, си реков самата на себe: „Калиопи ти сега имаш одговорност онлајн да се дружиш со публиката, фановите“. Прво, започнав со онлајн дружења, а потоа со мини концерти“ кажа пејачката.