Пејачот Даниел Кајмакоски беше киднапиран во Белград во февруари, а според адвокатот Бранислав Станишиќ, нападот остави сериозни последици врз него и семејството. Кајмакоски бил врзан со селотејп и закануван со пиштол и нож, по што бил ставен во возило и однесен кон Рума. Поради магла и непознавање на теренот, киднаперите удриле во насип, го напуштиле автомобилот и избегале, додека пејачот бил пронајден врзан.
Адвокатот посочува дека мотивите за нападот сè уште не се познати, а неофицијално се разгледуваат и можни нарачатели. Кајмакоски е во стабилна психичка состојба, продолжува со професионални обврски и нема никакви проблеми со законот. Преземени се сите мерки за заштита и спречување на повторување на ваков настан.
