По пауза од една година, поп-пејачката Наташа Беквалац се врати на сцената.
Русокосата пејачка настапи во познат белградски клуб, а како изгледаше, погледнете на фотографиите во продолжение:
Потсетуваме, Наташа се повлече од сцената во третиот месец од бременоста по совет на лекарите. Во февруари годинава ја роди ќеркичката Катја, а само месец и пол подоцна беше претепана од страна на сопругот Лука Лазукиќ против кого поднесе пријава за семејно насилство и барање за развод на бракот.
По претрпената психичка, а и физичка траума, Наташа не се појавуваше во јавноста, се’ до настапот во српската престолнина.