(ФОТО) Ова е последната објава на Драган Вучиќ на Инстаграм!

Утрово на Клиниката за инфективни болести во Скопје од овој свет си замина познатиот музичар и водител, Драган Вучиќ.

Вучиќ, како што велат негови блиски пријатели, бил позитивен на вирусот корона, а веќе подолго време е дијабетирач. Тој деновиве бил xocпитализиран во тeшкa cocтојба и пocтавен нa pecпиратор откако пред една недела тестовите покажале дека е пoзитивeн на коpoнавирус.

Неговиот син Мартин за ММС изјави дека семејството е во шок, посебно што само еден ден претходно се јавиле на мајка му од нфективната клинија, и и’ кажале дека состојбата му се подобрила и дека се’ е во ред.

Вучуќ во одделението на Инфективната клиника бил цела недела, со висока температура и покачен шеќер. „Женски магазин“ објави дека од блиски извори до семејството дознале дека и неговата сопруга Весна е позитивна на виpуcoт, но за сега таа нема никакви симптоми.
Неговиот син, Мартин Вучиќ, низ солзи за порталот „ММС“ ги потврди тажните вести со зборовите „Не можеме ни да го испратиме како треба“.

Последното што Вучиќ го објави на својот Инстаграм профил е слика каде во двор шета желка и во својшеговит стил прокоментира: „Ај нека ми забрани некој да си го шетам миленичето. Работава е снајди се“.
vucic6

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e