(ФОТО) Како Лејди Гага – Ана Николиќ стана русокоса

Српската пејачка Ана Николиќ целосно го промени имиџот, таа ја обои косата руса и ја скрати. Имено, Ана со години беше бринета, но сега реши да го промени изгледот и да се пофали на социјалните мрежи.

Пејачката се појави на концертот на нејзината колешка Драгана Мирковиќ во „Штарк“ арена. Драгана слави 40 години од својата кариера, а голем број колеги дојдоа да ѝ дадат поддршка.

Инаку, заедно со новата фризура, Ана искомбинира провокативна модна комбинација. Таа облече фустан од црна тантела, во кој изгледаше повеќе од предизвикувачко.

„Кралица“; „Браво Ана, ме потсетуваш на Лејди Гага“; „Изгледаш убаво“, се само дел од коментарите кои се појавија под најновите објави на Ана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e