Пејачката со албанско потекло, Аделина Тахири неодамна го одбележа својот роденден во интимна атмосфера, а наполни 28 години. По тој повод убавата Аделина домот го украсила со многу цвеќиња, балони, а за приликата облекла бел фустан кој ги истакнува нејзините облини.
Пејачката доби низа честитки, а многумина и посакаа малиот Јон кој го доби од бракот со адвокатот Серјожа Марков да добие брат или сестра.