Еве зошто ги нема Меган и Хари на честитката на кралицата

Неодамна кралицата Елизабета ја објави традиционалната божикна честитка, обраќајќи се на јавноста од своето биро.

Она што веднаш го забележаа сите е дека покрај портретите на кралот Џорџ, принцот Филип, принцот Чарлс и Камила и принцот Вилијам и Кејт и нивните деца, не е поставена фотографија од војводата и војвотката од Сасекс.

Потоа, Бакингемската палата откри дека кралицата им е лута на Хари и неговата сопруга Меган, кои веќе важат за контроверзни личности од семејството. Имено, тие одлучиле Божиќ да го прослават во странство, а не со семејството, што е против кралските правила. Според кралицата, ваквото однесување е недолично и недозволиво за членови на кралското семејство.

Ова уште повеќе ги подгрева сомнежите за раскол во кралското семејство.

Првата кралска божикна честитка првпат е емитувана во 1932 година преку радио, а ја испратил тогашниот крал Џорџ петти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e