Познатиот пејач, водител и композитор Драган Вучиќ го изгуби животот на Инфективната клинка во Скопје.
Информациите ги потврдија и неговите роднини, а причината се компликации предизвикани од вирусот корона.
Вучуќ во одделението на Инфективната клиника бил цела недела, со висока температура и покачен шеќер. „Женски магазин“ објави дека од блиски извори до семејството дознале дека и неговата сопруга Весна е позитивна на виpуcoт, но за сега таа нема никакви симптоми.
Неговиот син, Мартин Вучиќ, низ солзи за порталот „ММС“ ги потврди тажните вести со зборовите „Не можеме ни да го испратиме како треба“.
И колешката на Вучиќ, пејачката Елена Велевска на својот профил се прости од него:
„Многумина пробуваа да те омаловажат, но тоа го правеа луѓе кои не те познаваа. Беше и ќе останеш медиумски маг, човек пред времето, секој телевизиски производ повеќе од успешен, музичар од кои што многумина научија нешто. Како во музиката, така и во телевизијата беше неприкосновен“ напиша познатата фолк пејачка на својот профил на Фејсбук и додаде:
„Зар треба ова да се случи за да сфатиме што сме имале? Зар е тешко да се почитува некој?
Ако за еден уметник зборуваат делата, за тебе ќе се зборува уште доооолго. Нека ова не потикне да бидеме подобри и да го почитуваме она нашето. И ние овде имаме луѓе кои мораме да ги почитуваме додека се меѓу нас….“