Петтата епизода од емисијата „Цеца шоу“ која се емитува на ТВ Блиц ќе ги открие сите детали од операцијата што фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ ја направи во Турција.
Во најавата за петтата епизода, еден детал особено ја заинтригира јавноста.
Додека ја изнесувале Цеца од операционата сала, се видело дека Ражнатовиќ носи корсет на градите, што е пракса за хируршки интервенции во тој предел, пишува Блиц.
Ражнатовиќ претходно изјави дека направила естетска операција за намалување на градите, а тогаш нагласила дека тоа го направила пред се од здравствени причини.
– Точно е дека имав операција на градите и тоа пред четири месеци, а не два, како што објавија медиумите. Не се споменуваше проблем со вените, ниту чир на желудникот, туку интервенција на градниот кош. Тоа морав да го направам пред се од здравствени причини. Операцијата ја искористив и за намалување на градите, но најважно ми беше да решам еден здравствен проблем – изјави тогаш Ражнатовиќ.
Очигледно е дека не можела да го реши здравствениот проблем, па решила да направи уште една операција на градите.