Пандемијата го направи своето, па заради неа толку многу блиски луѓе воопшто не се гледаат меѓу себе, а најзагрижени се сигурно оние чии членови на семејството се во далечни земји. Таков е случајот и со Лепа Брена.
Нејзината сестра живее во Канада.
„Факета работи во еден старечки дом во Едмонтон. Овие луѓе ги чуваат како вода на дланка, сè е дезинфицирано и изолацијата е на завидно ниво, така што не се грижам за неа“ – изјави Брена за „Стори“.
„Постојано сум во контакт и не само со неа туку и со семејството и пријателите за кои претходно немав време да им се јавам. Сега сфаќам колку ми недостигаат сите. На овој начин, сакам да им кажам дека ги сакам и дека ми недостасуваат нивните прегратки. Одвај чекам да помине сето ова“ вели познатата пејачка во своето најново интервју.
„Дојде пролетта, а според некоја добра стара мода, мајка ми тогаш секогаш го бојадисуваше и уредуваше станот, ги вадеше нештата на сонце, ги тресеше теписите, чистеше и плетеше. Оваа навика ја наследив од неа. Плус, многу читам деновиве, и конечно имам време да посветам на нега на моето лице и тело“, додаде во своето интервју познатата пејачка.