„Титаник“: Мобилна станица, наменета за сликање инвалиди и неподвижни лица, се користела за сликање лица од Албанија

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ продолжи со сослушување на сведок вработен во Полициска станица Ресен на примање и издавање лични карти и пасоши.

Сведокот Дитурим Сулејмани, објаснувајќи ја постапката за примање и издавање на лични карти, рече дека процедурата кога била или не била запазена, зависело од горе како ќе им се каже.

– Дојде еднаш шефица Лилјана Котиќ и ми рече дека се јавила началничката Надица по телефон и дека кажала сите барања за лична карта што ќе дојдат без разлика дали се комплетни или не да бидат примени. Јас реагирав, по што ми рекоа дека тоа не е моја работа. Така рекоа од горе, рече сведокот Сулејмани.

Сите овие лица беа сликани, објасни сведокот, нагласувајќи дека имало случаи каде 50-60 лица имале договор за иста адреса.

– Кога рагирав дека нема услови за живеење на толку луѓе на едно место, одма ми се јави началничката и ми рече дека не е моја работа дали имаат услови за живеење или не, и дека моја работа е да ги примам барањата, изјави сведокот Сулејмани.

Во 2012 година имаше списоци, рече сведокот, со лица потпишани од градоначалникот Едмонд Темелков, што беа доставувани до МВР, од каде беа пуштени кај нашата шефица и потоа ми беа дадени да ги процесирам.

– Имаше и мобилна станица, наменета за сликање инвалиди и неподвижни лица, а се користеше и за други работи, што е противзаконски, рече сведокот Сулејмани.

На прашање од обвинетиот Илија Димовски, дали лицата за кои зборува пред да ја започнат постапката за лична карта поседувале државјанство, сведокот рече да.

Прашан дали барањата биле целосно комплетирани од надлежните, сведокот одговори потврдно, чекавме да се комплетираат, но пред време ги сликавме.

Во однос на тоа дека мобилните станици согласно закон можеле да се користат за сликање во странство на лица со македонски пасош, сведокот рече да, меѓутоа лицата доколку беа во Албанија можеше да се сликаат таму, но тука не.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e