И економијата бара влада без Груевски

И покрај разобличувањето на политиките, разголувањето на системот на управување и губењето на подршката од народот, Груевски без срам и перде со новогодишна честитка до граѓаните. Секаде имало турбуленциии, па така и кај нас, но секаде ќе се решеле во новата година, па  и во нашата земја (до гуша во кал)  се ќе си дошло  на свое место.

Да не беше трагично, ќе беше смешно. Човекот кој е во целост демаскиран како автократ и осомничен за различни незаконитости во вршењето на власта зборува за нормална и, уште повеќе, за светла иднина. Не сфаќа дека со тие квалификативи, во нормални земји,  целосно се исклучува можноста тој и неговата партија да учествуваат во извршната власт од која се очекува да го отпочне разрешувањето на кризата.

Не дека тој нема право да се обиде да дојде на власт, но приклучувањето на другите партии  да формираат влада со него и неговата партија значи нивно соучешништво во продолжувањето на погубните економски политики, со кои само ќе тонеме во безизлез. Неодговорно е да се правиме недоветни дека не слушаме  што кажува тој. За него се’уште е проблем само политичката криза, за која е виновна опозицијата.

Човекот кој сега се обидува  да формира влада не зборува за економка криза. А токму таа криза почна пред осум години, кога Груевски беше на власт и кога економијата падна во рецесија (-0,4%). Претходните неколку години земјата остваруваше стапки на економски раст од 4,7% до 6,5% годишно (без буџетски дефицити). Оттогаш, буџетскиот дефицит се зголемува постојано, па во 2014 година изнесуваше 4,2% од БДП. Врз основа на тоа постојано се зголемуваше и јавниот долг на државата, а стапките на раст  на БДП осцилираа,  од рецесија (-0,5%) во 2012 година до 3,7% во 2015 година, за да ланската година ја завршиме со 2,2%.

Денеска е повеќе од очигледно дека урнисувањето на економијата почна со интензивниот пораст на долговите користени, пред се’, за финасирање на невидениот популизам и без изградена стратегија на одржлив развој, во пазарни услови на стопанисување. Со Груевски во владата, овој концепт ќе продолжи, а кризата уште повеќе ќе се влоши. Веќе сега плаќаме околу 150 милиони евра камати на долговите, малку помалку отколку што изнесуваат странските директни инвестиции. А и цената на позајмувањето на нови средства за да ги враќаме старите обврски се зголемува.  Со тоа, уште повеќе ни се подјадуваат основите на идниот развој на земјата.

Целата колумна на д-р Крсте Шајновски  за Фактор прочитајте ја тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e