Македонските власти наместо да ја намалуваат дополнително ја зголемуваат задолженоста на државата. Во најновиот редовен извештај на Светска банка, е наведено дека Владата прави фискална експанзија – наместо планираната консолидација, пишува Фактор.
Иако владата најави дека ќе ја намалува задолженоста, сепак тоа не се случува. Затоа, Светска банка нотира дека имаме уште една година без фискална консолидација што пак влијае на зголемување на јавниот долг. Но, додаваат дека оваа година е позначително оти од една страна имаме пораст на долгот, а од друга пад на БДП.
Светска банка предупредува дека се очекува јавниот долг значително да се зголеми во 2016 година, главно како резултат на зголемувањето на фискалниот дефицит и владините гаранции. При што, проценките се дека јавниот долг, годинава ќе достигне 50 отсто од БДП годинава.
„Динамиката на гарантираниот јавен долг не очекуваме дека ќе забави се додека не се завршат проектите во патишата, а консеквентно на тоа имаме раст на гарантираниот јавен долг. Доколку во наредниот период се спроведе фискална консолидација, државниот долг на централаната Влада и општините би имал некое стабилизирање, но вкупнот јавен долг не очекуваме дека ќе се намали“, изјави Шимов.
Но, она што секако ја загрижува Светска банка е дека најголемиот дел од новоотворените работни места се субвенционирани од државата.
„Може да се види дека практично 89 проценти од новокреираните работни места се со фискален стимул. Со оглед на тоа што имате работни места што се креираат, каде што работодавецот е ослободен плаќање на социјални придонеси и слични давачки. Така што ова од друга страна создава притисоци на среден рок, туку пред се мисли на притисоци врз Фондот за ПИОМ“, изјави Шимов.
Ваквата состојба со која зголемувањето на вработеноста е главно како резултат на субвенционираните работни места од страна на државата, создава сериозни проблеми во опстојувањето на пензискиот фонд, кој станува се повеќе зависен од парите што му ги префрла државата за да може да исплати пензии.
„Во последните години тој процент што фондот го добива од државата достигнува некаде околу 46 проценти. Тоа е значителна зависност на пензискиот систем од трансфери од централниот буџет, што на среден и на долг рок секако создава притисоци врз овој систем со оглед на тоа што еден од неговите постулати е тој на генерациска солидарност. Така што не треба да се одзема од идните генерации за бенефит на сегашните,“ изјави Шимов.
За поврзани вести продолжете надолу