Како слаткар и адвокат од Хрватска ќе флашираат вода во Македонија

Како Македонија им додели концесија за извор за вода од 30 години во селото Гари, дебарско, на хрватски инвеститори и колку се тие навистина хрватски, ова е приказната која денеска осамна на хрватскиот медиум „Тпортал“ кој ја истражува оваа инвестиција. Нивното истражување открива дека хрватсските инвеститори постојат само на хартија во централниот регистар на Македонија, додека вистинските пари се руска инвестиција.

Во 2013 тогашниот минстер за економија од ДУИ, Ваљон Сарачини, објави дека на хрватската компанија „Мали Лошињ“ ќе и додели концесија за експлоатација на вода во изворот во близина на селото Гари, дебарско, на самата граница со националниот парк „Маврово“. Инвеститорот од Хрватска 30 години ќе може да ја експлоатира водата, да ја флашира и да ја продава под брендот „Маја“.

Минатиот месец фабриката беше и свечено отворена и пуштена да работи, а македонските власти рекоа дека вкупната инвестиција изнесува 14 милиони евра. Произведената вода во оваа фабрика е првенствено наменета за извоз, кој е веќе дефиниран, главно во соседните земји, Арапските земји, Хрватска и Русија.

Порталот „Тпортал“ открива дека сопственици на фабриката не се Хрватите чии имиња стојат во официјалните документи, туку Руси.

 Во македонскиот регистер како сопственици се наведени Дашмир Абдија и Бранимир Којиќ. Првиот е слаткар и сопственик на помали слактарници на островот Мали Лошиљ во Хрватска, додека другиот е локален адвокат. „Тпортал“ пишува дека нивното истражување започнало откако се запрашале од каде слаткарот и адвокатот од ова мало место собрале пари за голема инвестиција во Македонија како оваа.

„Тпортал“ открива дека вистинските корисници на изворот се руски бизнисмени.

Мојот и паричниот влог на Абдија се многу мали и тешко може некој да не нарече инвеститори. Во основниот капитал по докапитализацијата ќе учествуваме со помалку од еден процент, вели адвокатот Којиќ во изјава за хрватскиот медиум.

Тој објаснува дека тие се уште се водат како сопственици на фабриката во Македонија, но само на хартија, додека парите се на компанијата УК Промсвуаз, друштво за управување со инвестициски фондови во Русија. Во нивна сопственост е и една од најголемите банки во Русија, Промсвуаз, зад која стојат Алексеј и Димитриј Ананијев, руски претприемачи вредни милијарди долари. Ова за „Тпортал“ го потрвдува адвокатот Којиќ.

На отворањето на инвестицијата во Гари дојде цел врв на ДУИ, а институциите не споменуваа дека парите се руски, а не хрватски. – пренесе Нова.

Целиот текст прочитајте го тука.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e