Во Германија освен машки и женски воведен е и трет пол

Федералниот уставен суд на Германија донесе одлука опцијата изјаснување како припадник на третиот пол да биде вклучено во официјалните документи. Во одлуката на судот се наведува дека креирањето нов поим во изводите од книгата на родени овозможува таа можност да се најде до крајот на следната година.

Одлуката е донесена кога кај едно лице со анализи било утврдено дека не е ниту маж ниту жена, по што била поведена постапка за добивање статус меѓупол.
Првата пријава била одбиена бидејќи, според германските закони, детето мора да биде запишано како машко или женско или тоа место во извештајот да остане непотполнето.

Судот во Карлсруе наведе дека актуелните регулативи се спротивни на германскиот Устав, кој забранува дискриминација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e