Утре доаѓа новиот Ауди А7 “Sportback”

Новата генерација на најголемата купе-лимузина на Ауди ќе ја има својата онлајн премиера на 19-ти октомври, односно во четврток.
Откако стивна еуфоријата од септемврискиот Саем за автомобили во Франкфурт и бројните премиери на автомобили кои што се одржаа во германскиот град, во пресрет на идниот голем Саем за автомобили кој што ќе се одржи во Лос Анџелес, производителите тргнуваат со најави на своите нови автомобили.
Меѓу нив е Ауди од каде што ја најавија онлајн премиерата на новата генерација на еден од своите најпрестижни модели – станува збор за А7 “Sportback”.

Претходникот, кој што дебитираше во 2010-та година, веќе седум години се наоѓа во продажба, а и покрај освежувањето во 2014-та година, од Ауди процениле дека веќе е „застарен“ и на купувачите им должат претставување на нов модел.
Предстојната премиера е најавена со „затемнет тизер“ на кој што може да се види само карактеристичната силуета на новата купе-лимузина на Ауди.

Новиот А7 “Sportback” е вториот модел на Ауди (после лимузината А8) кој што ќе превземе одредени стилски елементи од концептот “Prologue”, а поставен е на “MLB Evo” механичката платформа која што ја дели со повеќе модели, вклучувајќи ги и моделите Q5 и Q7.
Се очекува дека втората генерација на А7 “Sportback”, после онлајн премиерата, за прв пат ќе биде претставена во живо пред посетителите на Саемот за автомобили во Лос Анџелес кој ќе биде отворен на 1-ви декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e