Премиерката на Нов Јужен Велс одби да именува нејзин заменик заради неговите про-македонски ставови

Премиерката на Нов Јужен Велс, Gledys Berejiklian, го отфрли предлогот, Џон Бариларо да биде поставен за заменик-премиер на државата, затоа што побарал од федералната влада официјално да ја признае нашата земја под нејзиното уставно име “Република Македонија”.

Како што пренесува СБС на грчки јазик, таа изјавила дека ставовите на Barilaro не го одразува на било кој начин ставот на Нов Јужен Велс за ова прашање, истакнувајќи дека Владата секогаш гордо ја поддржувала Грција и многубројната грчката заедница во Австралија.

Говорејќи на македонски на настанот организиран од Заедницата на Queanbeyan, по повод Божик, Бариларо рече дека , Австралија го слави мултикултурниот карактер на државата и ја пофали македонската заедница за нивниот придонес во Нов Јужен Велс. Џон Бариларо

Коментирајќи во врска со напорите на Грција и Република Македонија , да се изнајде компромис за нашето уставно име , тој побара федералната влада да не признае како “Република Македонија”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e