Пијан крадец се заглавил во прозорец

Француски жандарми одзивајќи се на пријава за кражба во продавница во месноста Молон-Лишар во југозападна Франција, го пронајдоа осомничениот крадец – заглавен во отворот на прозорецот кој претходно го направил со помош на чекан, јавија француските медиуми.

Француската полиција, која очигледно имаше лесна задача, објавија и фотографија од 46-годишниот крадец заглавен во отворот.

– Тој во алкохолизирана состојба ја ограбил продавницата, но се заглавил во прозорецот пред да биде уапсен, стои во полициското соопштението.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e