(Пародија) 18 логични причини зошто Ѓорѓе не му го дава мандатот на Заев

Претседателот Иванов одби да го даде мандатот на претедателот на СДСМ, Зоран Заев. Многумина го цитираат уставот за тоа но вистинската одлука се наоѓа во една од овие 18 причини:

  1. Има такви денови кога не ти се дава мадатот. Да беше друг ден можеби ќе го дадеше.
  2. Го болела главата.
  3.  Фрлал паричка и се паднало дека не треба да го даде мандатот
  4. Затоа што МАНДАТОТ НЕ ГО ДАВАМЕ!
  5. Му се сонило дека нешто лошо ќе се случи ако го даде мандатот па одлучил да го чува за секој случај
  6. Премиерската функција е стресна и напорна  па сакал да го спаси Заев од стрес и напор
  7.  ИЗНЕНАДУВАЊЕ ( викна во себе и го почна пресот)
  8. Биле оние денови од месецот
  9. Не сака да биде во центарот на вниманието само заради мандатот, туку да биде ценет како човечко суштество
  10. Заев не рекол “Те молам” пред да го побара мандатот а не е убаво така да се дава мандат на невоспитани луѓе
  11. Не сака да мислат дека е лесен па на прва да дава мандат
  12. Зав дошол ви погрешно време. Според Бон Тон од еден до пет не треба да ги вознемирувате другите
  13. “Пушти го да си оди, ако те сака пак ќе се врати”. Сега претседателот чека Зоки да се врати
  14. Ѓорѓе игра Топло – Ладно
  15. seen
  16. Се води од максимата “”Мандатот не е се во животот”
  17. Заев има жена и деца, а за да си премиер треба да си 24/7 на работа. Не сака да му го уништи семејниот живот на Заев
  18. Не биле потпишани родителите на сите што ги дале потписите за влада. Уставот вели дека мора, јеби га. Не вели? Шо има везе. Од денес треба!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e