Две португалски деца, кои чувале овци, за кои се смета дека пред сто години ја виделе Богородица, им се „придружија“ денеска на светците на Римокатоличката црква.
Канонизирањето на Франсишку Марту и неговата сестра Жасинта беше извршено лично од папата Франциско на литургија под отворено небо во португалскиот град Фатима, во чија околина се случило чудото.
На литургијата присутвуваа стотици верници, од кои голем дел престојуваа во Фатима. Присутните ракоплескаа кога папата го заврши ритуалот на канонизација. Организаторите на настанот очекуваа на него да учествуваат околу еден милион лица.
Според преданијата Богородица на трите деца, кои тогаш биле на возраст меѓу седум и десет години им пренела три апокалиптични тајни, за војната, комунизмот и смртта на папата. Таа побарала од децата да се молат за мир и да се чуваат од грев.